(ВИДЕО) Талески: Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот

Ракометарот на Вардар, Филип Талески имаше интервју за „Бекстејџ“ во кое зборуваше на разни теми. Тој во интервјуто истака дека има опција тој да биде продолжен на уште една година.

„Веќе се официјализира дека јас останувам во Вардар наредната сезона, а во договорот има опција да се продолжи на уште една. За мене е најважно што сега останувам тука и сум фокусиран на Вардар“, истака Талески.

Тој истака дека е свесен за критиките кои ги добива.

„Тоа го гледам од мој аспект, никој не може да забрани на некого да коментира, но не е во ред да се испраќаат пораки директно на некого на социјалните мрежи, тоа е недопусливо. Коментарите како што кажав не ми пречат“.