Поради пандемијата предизвикана од ковид-19, младите започнаа нов кулинарски тренд, конзумирање на расипано сурово месо.
Причината за ваквото однесување се рефлектира во непостоењето на „ноќен живот“ на младите поради пандемијата. Суровото и расипано месо е силен опијат што, како што истакнуваат повеќето млади, им помага да се релаксираат од стресно и напнат начин на живот.
Имено, за да може суровото месо да биде доволно јак опијат, потребно е да се остави одредена количина месо неколку дена или месеци надвор од фрижидерот. Штом месото почне да скапува, поради појава на одредени бактерии кои го деконструираат, тогаш е подготвено за консумирање.
Сурово и расипано месо обезбедува многу силно чувство на интоксикација и според младите, е најдобриот опијат од сите други.
Во интервју за познатиот таблоиден весник „Сонцето“, д-р Сара Арарвис истакнува дека овој нов тренд е многу опасен за здравјето на луѓето, бидејќи може да предизвика одредени дигестивни проблеми, како и појава на специфични бактерии како салмонела , ешерихија коли и листерија.
Сè уште не е познато која супстанца во суровото месо предизвикува чувство на интоксикација, но се претпоставува дека некои од споменатите бактерии го создаваат ова чувство.