Биелса: Јас ќе бидам среќен ако Алиоски остане со нас

Во турските медиуми денес се појави вест дека македонскиот репрезентативец Езгјан Алисоки потпишал пред-договор со Галатасарај, меѓутоа засега потврда за тоа нема.

По ваквата информација медиумите на Островот ги интересираше мислењето на Марсело Биелса.

„Не знам каква одлука ќе донесе Алиоски. Преговорите се водат помеѓу него и Лидс и јас немам мислење за тоа. Можам да кажам само дека би бил среќен ако Џани остане со нас, но како што кажав не можам да се мешам“, изјави Биелса.