„Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“, вели изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во изјава за Дојче Веле, откако вчера беше објавено дека в петок шефот на државата ќе оствари средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Средбата била договорена за време на вчерашниот телефонски разговор, на барање на Мицкоски.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци ја прекинаа комуникацијата со шефот на државата Пендаровски. Мицкоски минатата година соопшти дека партијата ќе ги замрзне односите со претседателот на државата откако Пендаровски одлучи да му го додели мандатот на Зоран Заев по парламентарните избори.