Обединетото Кралство ги призна македонските возачки дозволи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук објави убава вест за Македонците во Велика Британија.

-Со задоволство можам да ве известам дека Обединетото Кралство, врз основа на потпишан билатерален договор, ги призна македонските возачки дозволи, а нашите државјани кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите. Врз основа на потпишан билатерален договор Обединетото Кралство е деветтата држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на оваа држава не им е потребна меѓународна возачка дозвола. Имено, на носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Северна Ирска. Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во Република Северна Македонија, напиша Спасовски.

Со задоволство можам да ве известам дека Обединетото Кралство, врз основа на потпишан билатерален договор, ги призна…

Posted by Oliver Spasovski on Thursday, May 6, 2021