Покетино: Горд сум, направивме нешто што тешко се прави против Сити

Маурисио Покетино го елиминираше Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите во 2019-та година како менаџер на Тотенхем и му зададе непријатен удар во четвртфиналето, но изминатава вечер, по вторпат му подаде рака на подобриот колега и му посака среќа за големото финале во Истанбул.

ПСЖ загуби со 2:0 на „Итихад“ кај тимот кој е пред ново крунисување во Премиер лигата, па така со вкупни 4:1 во двете полуфиналиња, беше навистина тешко за Покетино да одговара на прашањата на француските новинари, на кои се обиде да им потенцира дека неговиот тим бил поофанзивен тим во двата дуели.

Аргентинскиот стручњак стави акцент на фактот што неговиот тим имаше поголем посед на топката во Манчестер, а како пресудно за неуспехот ја посочи максималната ефикасност на противничкиот состав.

– Направивме нешто што многу тешко се прави против Сити. Доминиравме против тим против кој тешко е да доминирате. Се чувствувам горд на тоа, иако севкупно сум разочаран. Манчестер Сити беше поубиствен од нас, но ние одигравме навистина добро. Одигравме онака како што сакавме и како што се договоривме.

– На ова ниво, потребно ви е и среќа, а на двата меча со Сити, ние немавме воопшто среќа. Тимот никогаш не се откажа и за мене тоа е најважно. Начинот на кој доминиравме против Сити на овие два меча, ми дава голема надеж за иднина, – порача Покетино.

Извор: Дерби