ОКТА оствари добивка од 2,6 милиони евра во првиот квартал

Компанијата бележи подобрена профитабилност во услови на продолжена рецесија како резултат на оперативните подобрувања и повисоките меѓународните цени на горивото.

ОКТА во првиот квартал од годинава ја подобри профитабиклноста како резултат на оперативните подобрувања и меѓународните цени на горивата. Компанијата оствари профит кој овозможи целосно закрепнување од загубата забележана лани.

Долготрајната рецесија која продолжи и во текот на првиот квартал од 2021 година, како резултат на пандемијата со ковид-19 вирусот која сè уште трае, и натаму претставува предизвик за економијата, јавното здравство, начинот на живот, како и оперативните модели на компаниите. Како главен снабдувач со нафтени деривати во државата, ОКТА внимателно и континуирано ја следи состојбата предизвикана од корона вирусот уште од почетокот на кризата и во целост ги примени сите мерки и препораки на Владата и другите релевантни државни институции, насочени кон спречување на ширењето на вирусот во земјата.

ОКТА ја започна 2021 година со значително подобрена профитабилност, при што клучен двигател беше позитивниот ефект од залихите, генериран од нагорниот тренд на меѓународните цени на горивото, заедно со оптимизацијата на трошоците. Продажните количини достигнаа 187.000 метри кубни што е за 10 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година, како негативна последица од ковид-19 кризата. Тоа предизвика приходите од продажба да достигнат 4,3 милиони денари, споредено со 4,9 милиони денари во првиот квартал од 2020 година.

Од друга страна, бруто маржата бележи нагорен тренд, достигнувајќи 286.000.000 денари што претставува целосно закрепнување од негативните 133.000.000 денари достигнати во истиот период минатата година. Ова се должи на растот на меѓународните цени на горивото што доведе до позитивен ефект од залихите. Добивката пред оданочување, следејќи сличен тренд, во првиот квартал од 2021 година генерираше 162.000.000 денари што овозможи целосно закрепнување од загубата од 323.000.000 денари забележана во истиот период минатата година. Ова главно е резултат на позитивниот ефект од залихите во износ од 137,6 милиони денари, кој во текот на првиот квартал од 2020 година беше значително негативен, со износ од 337,1 милион денари, и беше последица на падот на меѓународните цени на горивото предизвикан од зачетокот на пандемијата со ковид-19.

ОКТА успеа да одржи стабилна финансиска позиција што на компанијата ѝ дава можност да се справи со сите последици кои би произлегле од кризата предизвикана од коронавирусот, во насока на враќање кон нормалното секојдневно функционирање.

Во првиот квартал од 2021 година, ОКТА како општествено одговорна компанија, продолжи со поддршка на здравствениот систем во државата во справувањето со пандемијата со COVID-19. Компанијата донираше 1.300 тестови за брзо откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот, наменети за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во февруари се одржа првата од вкупно три крводарителски акции кои Црвениот крст на ОКТА редовно ги организира секоја година. Акцијата беше поддржана од голем број крводарители, вработени во компанијата, кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

ОКТА ќе продолжи да се движи напред преку искористување на можностите за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.