Извештај на ИЈЗ: Намалување од 39,7% на нови случаи и намалување од 20,9% на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60.