Владата одлучува, ќе има ли забрана за движење од 23 часот?

Владата на денешната седница ќе одлучува дали ќе го усвои предлогот за измена на рестриктивни мерки.

Новиот предлог од Комисијата за заразни болести кој беше усвоен и од Главниот кризен штаб се однесува на намалување на полицискиот час.

Се предлага полицискиот час да започнува од 23:00 часот и да трае до 05:00 часот наредниот ден

Работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.