(ВИДЕО) Над тринаесет загинати и над 70 повредени откако во Мексико Сити се урна надвозник кога минувало метро

Надвозник се урна во главниот град на Мексико во време кога метро минувало нa него при што загинаа најмалку 13 луѓе и над 70 се повредени.

Засега не се познати причините за трагедијата. Повеќе од пет милиони луѓе го користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.