Tриглав Осигурување АД, Скопје оствари нето загуба од работењето

Tриглав Осигурување АД, Скопје заклучно со 31.03.2021 година оствари нето загуба од работењето во износ од 30.955 илјади денари.

Нето приходите од премија за 2021 година изнесуваат 189.218 илјади МКД, кое што претставува намалување во однос на 2020 година за 18,4%, односно за 42.601 илјади МКД. Гледано аналитички, причините за намалувањето се:

– Пад на бруто премијата за 36.509 илјади денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата;

– Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 15.819 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата.

– Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2020 година, влијаеше позитивно за 9.727 илјади денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 12.876 илјади МКД и се на исто ниво како и во 2020 година. 75% од овие приходи се однесуваат на камати, а 6% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања произлегуваат од реализирана капитална добивка од продажба на финансиски средства.

Приходи по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 21.349 илјади МКД и се повисоки за 1.065 илјади МКД, односно за 5% во однос на 2020 година, поради повисоката премија предадена во реосигурување.

Oстанати приходи на осигурување остварени се во износ од 1.864 илјади МКД и бележат раст од 19%. Овој раст се должи на повисоки приходи по основ на регресни побарувања од Гарантниот фонд.

Oстанатите приходи се во износ од 2.759 илјади МКД и бележат раст од 3%. Главна причина за растот е тоа што оваа година имаме повисоки приходи по основ на камати од наплатени побарувања од премија.

Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати:

Нето расходите за штети се во износ од 115.110 илјади МКД и споредно со претходната година тоа претставува намалување за 13% или за 17.361 илјади МКД во апсолутен износ. Падот се должи на поголемото учество на реосигурителите во ликвидираните штети, како и во делот на резервациите за штети.

Останатите технички резерви се за 870 илјади МКД намалени поради намалените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 6.774 илјади МКД и се намалени за 19% во однос на минатата година, главно како резултат на попустите во класа 10 – автоодговорност и 13- општа одговорност.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2021 година изнесуваат 109.369 илјади МКД што претставува раст од 3% или 3.214 илјади МКД 3 во однос на истиот период претходната година. Најголемо влијание за растот имаше позицијата „трошоци за стекнување“, а кои се зголемени за 4.769 илјади МКД (индекс од 109)

Трошоци од вложувања се во износ од 1.162 илјади МКД и претставуваат зголемување од 28% во однос на минатата година. Зголемувањето се должи на растот на негативните курсни разлики.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 14.923 илјади МКД и ова претставува раст од 17%. Главна причина за растот е префрлувањето на одредени трошоци кои претходно се водеа како „нето трошоци за спроведување на осигурувањето“ (адвокатски, нотарски и судски трошоци за наплата на премии, регреси и решавање штети).

Вредносно усогласување на побарувањата е зголемено за 12.520 илјади МКД. Главна причина за зголемувањето е тоа што од 01.01.2021 година, согласно законската регулатива, повторно се применува старата методологија пропишана од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, согласно која роковите за почеток на пресметување на исправка на побарување по основ премија се пократки.

Целиот текст прочитајте го на Пари.