Трагедија во Ковид болница во Багдад: Убиени најмалку 27 лица

Најмалку 27 лица загинаа, а други 46 се повредени во пожар во болница во југоисточниот дел на Багдад, во кој се сместени пациенти со дијагностицирани со Ковид 19.

Пожар во болницата Ибн Хатиб избувнал поради инцидент што довел до експлозија на шише со кислород. Фотограф на Ројтерс објави дека неколку амбуланти пристигнале во болницата и ги пренеле повредените.

Шефот на единицата за цивилна заштита, генерал-мајор Кадим Бохан, изјави дека пожарот избувнал на подот каде се наоѓа одделот за пулмологија и дека биле спасени 90 од 120 лица во болницата.

Тој додаде дека во меѓувреме пожарот бил изгаснат.