12 пензионери земале пензија од 57.304 денари

Во март, оваа година имало 287 пензионери со пензија над 52.455 денари. 12 пензионери го зеле највисокиот износ од 57.304 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.327 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 43.000 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 897 се со пензија од 41.739 денари.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 327.378 лица додека просечната пензија во февруари се зголемила за 35 денари во споредба со февруари и изнесувала 15.629 денари,

Најнизок износ на пензија зеле 78.811 пензионери каде е забележан пораст од нови 558 пензионери споредбено со минатиот месец, од кои 61.858 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 16.953 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.868 денари до 12.649 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Само во месец март имало нови 2.561 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.774 а остатокот жени и најголем дел, 1.698 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.445 починати пензионери, од кои 1.204 биле мажи.

Целата вест прочитајте ја на Пари.