Украдени доверливи информации за уредите на „Apple“,  хакерите бараат 50 милиони долари

Хакери се закануваат дека ќе ги објават документите доколку Quanta, партнерот на Apple не плати 50 милиони долари. Сепак, откако одбија да платат откуп, хакерите започнаа да го уценуваат гигантот од Купертино.

Доверливите документи за уредите на „ Apple “ паднаа во рацете на руски хакери, кои доколку компанијата не им исплати откуп до 1 мај, планираат да објават сè. За да покажат дека се сериозни, хакерите од групата REvil веќе објавија некои документи, како што е нацрт за минатогодишниот модел MacBook Air, iMac и некои информации за друг преносен уред на Apple.

Сумата што тие сега ја бараат од Apple не е позната, исто како што не е познато каков вид документи добиле или дали имаат информации за идните производи.

Документите што ги објавија на секоја страница покажуваат порака дека тоа е сопственост на Apple што не може да се репродуцира, копира или објавува. Од Apple  велат дека „го испитуваат овој инцидент“ и дека не сакаат да коментираат, но „Кванта“ потврди дека имало сајбер-напад врз мал број сервери. Тие потенцираа дека соработуваат со ИТ експерти за решавање на проблемот и дека не е забележана штета што би влијаела на работата на компанијата.