Заев: Шекеринска нема да биде заменик-претседател на СДСМ, но ќе соработуваме

Радмила Шекеринска ја најави оставката и во разговор со мене сподели дека нема намера да се кандидира за заменик претседател за трет мандат. Јас ја почитувам, рече Заев.

– Радмила Шекеринска ја најави оставката и во разговор со мене сподели дека нема намера да се кандидира за заменик претседател за трет мандат. Заедно со Радмила во 2013 година, јас како претседател, а таа како заменик претседател, презедовме да го водиме СДСМ во едно извонредно тешко време. Јас ја почитувам. Покрај сите други и ѓраѓаните, таа е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус со ЕУ, за добиената одлука за почеток на преговори со ЕУ, и за многу процеси во државата важни за граѓаните. Знам дека ќе продолжиме понатаму да соработуваме, таа е мој другар или другарка без разлика каде ќе се најде во иднина во СДСМ или во општеството. Во општеството сигурно, секако заради целото нејзино искуство и верувам дека на многу заеднички проекти или предизвици ќе соработуваме во периодот кој што претсои – рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Фотоволтаична централа во селото Теново во Општина Брвеница.

За информациите дека Шекеринска ја одбила позицијата на амбасадор на земјава во Вашингтон и дека се дистанцирала од лидерот на партијата, Заев вели дека тоа е прашање за неа, а за него таа е и останува близок соработник.