Шекеринска се повлекува од потпретседателското место во СДСМ

Министерката за одбрана и актуелен потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска соопшти дека нема да се кандидира за заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај.

– Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри, изјави Шекеринска.

За шпекулациите дали е таа кандидат за амбасадор на земјава во Вашингтон и дали би ја прифатила таа позиција доколку и биде понудена Шекеринска рече дека за такво прашање не се дискутира преку медиуми.