Највисоката просечна плата од 70.942 денари имаат програмерите

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата за февруари месец, според кои просечната плата изнесува 27 948 денари и бележи раст од 2,7 проценти споредено со истиот месец лани.

Според статистичките податоци порастот на просечната плата се должи на зголемување на платите во неколку сектори и тоа:Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен(7.5 %).

Сепак што покажуваат податоците во однос на тоа кој ја има највисоката просечна плата по сектори. И без многу изненадувања со 70.942 денари просечна плата за февруари убедливо на врвот се информатичарите и консултантите.

По информатичарите со највисоки просечни плати во земјава од 40.000 до 50.000 се уште неколку професии:

  • компјутерско програмирање, консултантски услуги 70.942 денари;
  • фармацевтска индустрија 46.720 денари;
  • снабдување со електрична енергија и гас 41.443 денари;
  • воздухопловен транспорт 43.372 денари;
  • телекомуникации 41.742 денари;
  • финансиско услужни дејност 45.140денари;
  • стручни научни и технички дејности 55.895 денари.