Уставниот суд денеска одлучува за иницијативата на оштетените штедачи од Еуростандард банка

Здружението на оштетени штедачи “Правда за штедачи” во пресрет на денешната седница на Уставниот Суд ги охрабрува уставните судии да одлучуваат само врз основа на устав и закон.

-Не се определувајте за лоби групите кои ви наметнаа некаков “судир на интереси”, затоа што Вашите и нашите вредности се совпаѓаат, ние го бараме тоа што Вие го штитите-уставноста и законитоста. Не бараме ништо друго, ниту сугерираме како да одлучите, затоа што тоа е дел од Вашата работа, но воедно, одлуката не е само Ваша професионална обврска, туку таа е дел од Вашиот морален кодекс и личен дигнитет. Нашата верба е само дека правдата е на наша страна, иако знаеме дека постои моќно банкарско лоби на кое до уставноста и законитоста му е колку до ланскиот снег.  Затоа велиме, ние сакаме да ја добиеме битката затоа што сме во право и правдата е на наша страна, но немојте да не предизвикувате со работи за кои не веруваме дека преку нив и на таков начин функционира системот кај нас. Еднаш рековме, и повторуваме, не сме наивни, имаме и дрги адути, но сепак веруваме дека правдата-уставот и законите, се средства за реализација на нашите правата.Банките нека бидат спокојни, банкарскиот систем како јавен интерес, може само и единствено да биде стабилен доколку се заштитува со владеење на правото, велат оштетените штедачи.