Какво време не очекува викендов?

За време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со засилен јужен ветер. Во сабота врнежите ќе бидат претежно во западните делови, а во недела насекаде и ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме. Од понеделник ќе дува северозападен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.

Извор: УХМР