(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Џафери и двајцата пратеници кои со скафандери гласаа во Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе кривична пријава против ппретседателот на Собранието, Талат Џафери и двајцата пратеници  кои иако позитивни на Ковид во скафандери гласаа во Собранието.

-Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи  во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава. Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава. Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно, истакна Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.