Денес пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината Фајзер која е купена со директни преговори со производителот. Тие ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за имунизација против Ковид-19.
Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче.