Во Велика Британија препорачуваат бремените жени да се вакцинираат со Фајзер или Модерна

Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) изјави дека околу 90.000 бремени жени биле вакцинирани во САД, претежно со овие вакцините на Фајзер и дека нема сериозни несакани ефекти.

Бремените жени во Велика Британија треба да се вакцинираат со вакцините на Фајзер или Модерна затоа што има докази дека се безбедни.

„Врз основа на овие податоци, JCVI советува бремените жени во Велика Британија, секогаш кога е можно, да им се даваат вакцини Фајзер или Модерна “, се вели во соопштението.

„Нема докази дека другите вакцини се небезбедни за бремени жени, но потребни се дополнителни тестови“, додаде JCVI.

На бремените жени во Велика Британија претходно им беше препорачано да не вакцинираат затоа што нема доволно податоци за несакани ефекти.

„Препорачувам сите бремени жени, кога ќе добијат покана за вакцинација, да дојдат и да разговараат за придобивките и ризиците со нивниот матичен лекар, гинеколог или бабица“, рече британскиот министер за здравство, Мет Ханкок.

Велика Британија неодамна советуваше луѓето помлади од 30 години, доколку е можно, да се вакцинираат со некои други вакцини наместо со вакцината АстраЗенека поради „исклучително“ реткиот несакан ефект на згрутчување на крвта во мозокот.