Москва возвраќа: Протерани 20 чешки дипломати

Како одговор на протерувањето на 18 руски дипломати од Прага, Русија прогласи 20 лица вработени во амбасадата на Чешка во Москва за персона нон грата, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија. Дипломатите ќе треба да ја напуштат Русија до крајот на 19 април.

Русија исто така протестираше до Чешка во врска со протерувањето на руските дипломати.

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиќ во саботата објави дека Прага се сомнева дека руските разузнавачки служби се одговорни за експлозијата во магацинот за муниција во селото Врбјетице во 2014 година. Истиот ден, чешкиот министер за надворешни работи Јан Гамачек рече дека неговата земја протера 18 руски дипломати.

После тоа, портпаролот на руското Министерство за надворешни работ изјави дека Русија наскоро ќе објави реципрочни мерки за протерување на вработените во руската амбасада во Чешка.