Јапонците го имаат највредниот пасош во светот, еве на кое место се наоѓа македонскиот

Јапонците го имаат највредниот пасош на светот, со кој можат да влезат во 193 земји без виза, според агенцијата „Хенли и партнери“ во нивниот годишен индекс.

Највреден пасош во светот е јапонскиот, чии граѓани можат да влезат во 193 земји без виза. На второ место е пасошот на Сингапур со пристап до 192 земји, додека третото место го делат јужнокорејскиот и германскиот со кои може без виза да се патува во 191 земја.

Четвртата позиција, со пристап до 190 земји без виза, ја делат италијанскиот, финскиот и шпанскиот.

Македонскиот пасош на оваа листа се најде на 43-то место, а веднаш зад нас на 44 место е пасошот на Црна Гора.