Во Москва убиен припадник на тајната служба

Вооружен маж вчера уби офицер на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) и рани пет други лица, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Напаѓачот на зградата на ФСБ е „неутрализиран“, според државната новинска агенција ТАСС, па сè уште не е јасно дали е убиен или уапсен.

ФСБ, наследникот на поранешната советска агенција КГБ, тврди дека станува збор за само еден напаѓач.

Според Танјуг, пукањето се случило во близина на зградата на ФСБ во срцето на Москва, недалеку од Кремлин и Црвениот плоштад.

Нападот во времето на говорот на Путин
Поради инцидентот, сообраќајот на таа улица кратко беше во прекин, додека московското метро издаде предупредување за потенцијални влегувања во и надвор од станиците во близина на местото на инцидентот.

ФСБ не даде дополнителни детали за нападот или коментар за можните мотиви за тоа, но постои можност дека се планира да се совпадне со говорот на рускиот претседател Владимир Путин на денот на безбедносните служби, изјави извор на ФСБ за Ројтерс.

Подоцна избувна експлозија во близина на зградата на ФСБ, но не се знае дали е поврзано со нападот.

Портпаролот на руското министерство за здравство наведува дека двајца службеници на ФСБ се здобиле со сериозни повреди. Весникот Известиа,пак, јавува за тројца загинати, а друг руски весник РБЦ, цитирајќи извори од московската полиција наведува дека едно лице го изгубило животот во инцидентот.