Пејачот Даниел Кајмакоски пријавил дека поранешната сопруга во кафе му ставила дрога

Од полициската станица Центар од комплекс клиники „Мајка Тереза“ потврдија дека вчера кај нив бил примен Д.К. (38) од Струга кој наводно додека бил во парк во Тетово, неговата поранешна сопруга (25-годишна жена) му донела кафе во кое подметнала дрога, при што му се слошило.

Жената била повикана во Полициска станица Тетово, но го негирала тврдењето на пријавителот и изјавила дека воопшто не пиеле кафе, туку целта на средбата со поранешниот сопруг била за да го види своето дете. Таа го известила и Центарот за социјални работи кога на Д.К. му се слошило.

Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.