8 симптоми и знаци на срцев удар

Срцевиот удар се случува при нагло прекинување на крвотокот во артеријата која храни дел од мускулот на срцето. Клетките не добиваат доволно кислород и почнуваат да изумираат. Тој прекин во протокот на крв што се јавува за време на срцев удар може трајно да го оштети срцевиот мускул.

Тегоби во градите (т.н. граден дискомфорт) манифестирани како градна болка, притисок, стегање, тежина во градите. Тегобите се чувствуваат најчесто во пределот на градната коска и најчесто во поширока регија

Непријатност во други делови од телото како болка, стегање во рамењата, грбот, многу почесто во левото рамо, но понекогаш и во десното, потоа во горниот дел од стомакот, во вратот и долната вилица.

  1. Отежнато дишење, односно чувство на недостиг на воздух
  2. Мачнина, гадење, нагони за повраќање
  3. Општа слабост и истоштеност
  4. Препотување со ладна пот
  5. Забрзана срцева работа, но може да се јави и забавена или неправилна срцева работа, односно аритмија
  6. Крвниот притисок е обично покачен, а поретко тој е низок, дури и немерлив.