Универзитетскиот професорот Годан Калајџиев во синоќешното гостување во 24 анализа истакна дека идејата била СЈО да биде на потрајна основа, а не само ад хок тело кое би се борело против корупцијата. Министерството понудило своја верзија која нема јасен концепт и го зема фактот на закопано СЈО како завршен чин и за него не се отвара дебата во правната фела при што се нудат решенија со што ситуацијата се враќа назад.
„Јас сум член на работната група и се убедував подолго време да укажам дека текстот треба да се извлече од рацете на политичките партии што се пазареа и направија еден куп проблеми и да се врати назад на експертско ниво, со определени насоки. Верзијата што беше изготвена пред повеќе од една година беше изготвена врз основа на стратегијата и таа предвидуваше да се продолжи мандатот на СЈО. Таа предвидуваше СЈО да биде и натаму на потрајна основа и да биде иснтитуција за борба против високата корупција. Имаше ситуација секоја нова власт да си носи свој обвинител кој не ги гони нив, туку оние кои паднале од власта. Ниту една институција нема мандат да го затвори СЈО.“ – изјави Калајџиев.