ЕУ позајми 800 милијарди евра за да закрепне од кризата предизвикана од панедмијата

Европската унија се подготвува да позајми 800 милијарди евра до 2026 година за закрепнување од економските последици од пандемијата, јавува турската државна агенција Анадолија.

Европскиот комесар за буџет, Јоханес Хан, ја претстави стратегијата за финансирање на фондот за закрепнување „Нова генерација на ЕУ“, која беше подготвена со цел да се надмине економската криза предизвикана од глобалната пандемија.

Хан рече дека Европската комисија годишно ќе собере до 150 милијарди евра од пазарот на капитал за да го финансира пакетот за наплата.

„Европската комисија ќе користи разновидна стратегија за финансирање за да собере околу 800 милијарди евра по сегашни цени до 2026 година“, рече Хан.

Како што објасни, ресурсите ќе се собираат под поволни услови, по што ќе бидат пренесени на земјите-членки во согласност со плановите за инвестиции и реформи.

Хан исто така рече дека долгот за оваа намена ќе биде отплатен до 2058 година, почнувајќи од 2026 година, истакнувајќи дека тие веќе работат на предлог закон за ова прашање, кој ќе биде објавен до крајот на јуни.

По долги преговори, земјите-членки на ЕУ постигнаа договор во декември минатата година за фонд за закрепнување од 750 милијарди евра.