Силен земјотрес го погоди грчкиот осторов Кос

Во 19.08 часот грчки остров беше погоден од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтерова скала.

Епицентарот бил на длабочина од 2 километри, а се наоѓал на 42 километри југоисточно од островската група Додеканези и 174 киломтери јужно од турскиот град Ајдин, објави Европскиот макросеизмички центар.

Жителите на островот Кос објавија на страницата на ЕМСЦ дека почувстувале краток потрес.