Професорот Љубомир Фрчковски во вечерашното гостување на ТВ 24, рече дека смената на 20 корумпирани судии ќе донесе резултат во државата.
Прва точка на ветингот треба да биде нестручното работење и служба за партиската власт. Ветингот како што го замислиле нема да даде резултат, и повторно Заев ќе биде крив како предлагач. Тие 20тина судии кои се јасно компромитирани нема да бидат фатени со ваквиот ветинг, рече Фрчковски.
Професорот вели дека ветингот како што е замислен, со фокус на имотот ќе биде големо разочарување.
Генералниот реизбор беше наша желба, тие веднаш да угушија таа идеја дека некој во Брисел им шепнал дека идејата е застрашувачка. Она што не може да се оправда, неможноста да се сменат судиите кои се очигледни компромитирани. 20тина сменети судии ќе донесе резулатат. Ветингот како што го замислуваат со фокус на имотот ќе биде големо разочарување.