(ФОТО) Aфера ја тресе Австрија: Курц му праќал бакнежи и експлицитни фотографии на поранешниот секретар во Министерството за финансии

Австисктие медиуми дојдоа до голем број пораки кои канцеларот Себастијан Курц наводно ги разменил со поранешниот секретар во Министерството за финансии, Томас Шмид, што поттикна на бројни шпекулации за нивниот меѓусебен однос.

Шмид му испратил порака на канцеларот во која го замолува да има вистинска моќ на новото работно место, а не само церемонијална улога.

„Добиваш сè што ќе посакаш“, му одговорил Курц.

„Пресреќен сум … го сакам мојот канцелар“, му напишал Шмид.

Се чини дека нивната преписка била многу блиска, па пронајдени се и пораки со бакнежи кои канцеларот наводно ги упатил до секретарот. Во телефонот на Томас Шмид се пронајдени околу 2.500 експлицитни фотографии, пишува „Блик“.

https://twitter.com/swagjazzswag/status/1379854278588780555?s=20

Јавноста со денови шпекулираше за она што е напишано во пораките што беа откриени откако, по аферата Ибица, истрагата продолжи против другите членови на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) на Штрахе, но и Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц.