(ВИДЕО) Масакар во САД: Најмалку осум мртви и шеесет ранети луѓе

Во американскиот град Индијанаполис се случи масовно пукање, во кое загинаа најмалку осум лица.

–  Во масовна пукотница во американскиот град Индијанаполис доцна синоќа по локално време во простории на компанијата Федекс во близина на меѓународниот аеродром, биле убиени најмалку осум лица, а напаѓачот се самоубил, јавија американски медиуми.

Убиените биле пронајдени во објектот. Најмалку 60 други лица се повредени и пренесени во локалните болници. Во објектот на Федекс работат окоу 4.000 лица.

Напаѓачот е мртов, но неговиот идентитет не е познат. Според првите информации од локалната полиција, тој извршил самоубиство.

Според американските медиуми, инцидентот се случил во магацин на „Федекс“.