Новак Ѓоковиќ елиминиран од Монте Карло

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, елиминиран е во второто коло од мастарс турнирот во Монте Карло. Подобар од него во два сета беше Британецот Даниел Eванс со 4:6, 5:7.

Мечот почна со два брејка на Британецот, но Србинот врати со иста мера и изедначи на 4:4. Во деветтиот гем Еванс повторно направи брејк, а во наредниот го потврди и го освoи сетот.

Во втортиот сет Ѓоковиќ прв направи брајк, но Британецот не се предаде, прво направи рибрејк, а пота спаси и сет топка во десетиот гем. Еванс во 11. гем ја искористи втората брејк топка и стигна до 6:5, а во наредниот гем го заврши мечот во своја корист.

За Ѓоковиќ ова беше прв пораз годинава по десет последователни победи.