АНАЛИЗА: Македонската економија во 2020 година беше побогата за 7,045 новоформирани комапнии

Иако ковид ситуацијата наруши голем дел планираните инвестициони проекти на постоечките компании, сепак на сцената настапија нови правни ентитети, кои и во услови на криза се решија да ја започнат својата „голгота” низ националниот економски систем. Статусот на стратап компании не ги прави помалку важни, напротив тие заслужуваат големо внимание и поддршка од надлежните институции и за поздравување е тоа што се одлучиле да не бидат на товар на државата, туку сами да генерираат работни места за себе, но и за останатото работоспособно население. Македонската економија во 2020 година беше побогата за 7,045 новоформирани комапнии, или најмалку 7,045 надежи за подобра иднина.

Таргет Груп својот придонес во националната статистика го дава преку своите сегментирани податоци за овие компании кои се поделени во неколку категории, а како најважна ја издвојуваме категоријата банкарско работење.

Интересно е тоа што почетокот на годината бил доста раздвижен во централниот регистар. На 01.01.2020 година регистрирани се 27 нови компании, од кои 17 се во главниот град, додека годината се затворила со 2 нови компании, регистрирани на 31.12.2020.

Од аспект на правниот субјект според кои се основани ситуацијата е следна:

Вид на субјект:

ДООЕЛ – 4266

ДОО – 987

АД – 8

ТП – 470

Подружница – 29

Друго – 1281

Стопанска Интересна Заедница – 2

Останато – 2

* Извор: Таргет Груп ДОО Скопје

Процентуално најзастапени се компаниите со правен субјект ДООЕЛ или 60% од вкупниот број ново формирани компании.

Според географската дисперзија најзастапени се новоформираните компании во Скопје, кои учествуваат со 40% од вкупниот број, или вкупно 2.864 компании. Ова зборува за високо ниво на централизација и остава големи прашалници околу поставеноста на бизнис секторот, можностите за развој на компаниите, работната сила и создавањето поволна бизнис клима на ниво на држава.

Број на нови компании по градови:

Битола – 307

Гостивар – 246

Куманово – 287

Охрид – 249

Прилеп -219

Струмица – 214

Тетово – 330

* Извор: Таргет Груп ДОО Скопје

Сите овие 7 градови имаат учество од 26% во националната економија, како ново формирани ентитети. По региони најголемо учество има Скопскиот регион (заедно со Куманово), потоа следат Западниот регион (Тетово, Гостивар, Охрид), Централниот регион (Прилеп и Битола), додека најмала е пропорцијата на источниот регион (Струмица).

Целата анализа прочитајте ја на Пари.