Гвардиола по осмипат во полуфинале во Лигата на шампионите

По елиминацијата на Борусија (Д) и пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола го израмни рекордот на „Специјалниот“, Жозе Мурињо. Имено, екипите предводени од Гвардиола по осмипат се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Со овој индикатор, Шпанецот го израни рекордот на Мурињо, кој во моментов е на чело на Тотенхем. Гвардиола го имаше своето прво полуфинале во Лигата на шампионите како тренер во 2008/2009 година додека работеше во Барселона. Таа сезона Каталонците станаа освојувачи на европската титула.

Со „блауграна“ Пеп четирипати стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, а уште трипати го водеше Баерн Минхен во полуфиналните рунди. Со Манчестер Сити за првпат успеа да ја мине четврфиналната рунда.