„Обемното“ соопштение на МАНУ за ставот на БАН за македонскиот јазик

Во текот на вчерашниот ден МАНУ излезе со соопштение во врска со ставот на Бугарската академија на науките и уметностите за македонскиот јазик.

Бугарската академија на науките и нејзините академици се потрудија да го елаборираат ставот за македонскиот јазик прибирајќи мислења од повеќе институции Институт за бугарски јазик, Центар за наука Кирил и Методиј, Институт за историски истражувања, Академик Иван Радев испишани на повеќе страници текст, со цел нивниот став да биде поиздржан.

Нашиве академици исто така се потрудиле, но само во две реченици. Соопштението и ставот што го истакнаа нашите академици по повод ставот на БАН за македонскиот јазик е следниот:

  • прво, постоењето на македонскиотјазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука. Оттука секоја расправа за оваа проблематика ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка на МАНУ и БАН.
  • второ, ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата на Република Северна Македонија за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина, да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата.

ТОЛКУ!

 

Бугарската академија на науките: Не постои македонски јазик!