Судија на претходна постапка одреди 30 дневен куќен притвор за познатата македонска актерка Силвија Стојановска која попладнево во Скопје беше приведена и однесена во Кривичниот суд. По барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е изречена мерка притвор за лицето В.Б.
Актерката е уапсена во Скопје заедно со нејзиниот партнер, а неговиот брат бил упасен во Шпанија за шверц на 700 кг. кокаин. Актерката, според нив, наводно помагала со логистика и подигнување на парите.
За делото за кое е осомничена Стојановска, кривичниот законик предвидува казна од најмалку пет години затвор. Во кривичниот суд, за овој случај се приведени две лица. За вториот осомничен одреден е 30-дневен затворски притвор.