Таа е најмладата милјардерка: Jа основала компанијата по судски спор и секусално злоставување во компанијaта Тиндер  

Откако нејзината компанија Бамбл неодамна излезе во јавноста, богатството на Витни Волф Херд надмина една милијарда долари.

Списанието Форбс неодамна ја објави својата годишна листа на милијардери, во која има повеќе од 2.770 луѓе, од кои скоро 500 влегоа во овој ексклузивен клуб за прв пат.

Веројатно најинтересната личност на таа листа на нови милијардери е Витни Волф Херд, чие богатство се зголеми откако компанијата што ја основаше Бамбл, излезе во јавноста на почетокот на годината.

Медиумите потенцираат дека таа е најмладата жена која заработила милијарда долари самостојно, односно не добила пари од наследството или, на пример, по разводот.

Приказната на Вилфни Вулг Херд е прилично невообичаена и вклучува обвинувања за сексуално злоставување и тужби од времето кога работела на Тиндер, а токму ова (негативно) искуство и помогнало да си направи своја апликација за средба со Бамбл.

Исто така, за разлика од повеќето бизнисмени и колеги на раководни позиции кои живеат за работа, таа исклучително го цени нејзиното приватно време поминато со своето семејство и шокираше многумина кога во едно интервју изјави дека сака да помине слободно попладне.

Уште пред основањето на Бамбл, Волф Херд имаше долгогодишно искуство со апликации за запознавање и беше дел од тимот што го основаше Тиндер.

https://twitter.com/Nasdaq/status/1359920756394762242?s=20

Таа ја напушти компанијата по несогласувања со други директори на компанијата (беше во врска со еден од нив), па покрена тужба за сексуално вознемирување.

Иако компанијата што управува со Тиндер, Меч Груп ги негираше нејзините обвинувања, сепак и плати околу милион долари за спогодбата. Исто така, во тоа време, таа беше мета на насилници на Интернет, поради што мораше да го затвори својот профил на Твитер.