(ВИДЕО) Модриќ го „поздрави“ Пике со зајадлива порака

Жерард Пике не одигра ниту една минута на синоќешното „Ел Класико“, но затоа беше единствениот играч кој експресно тргна во расправа со главниот судија по крајот на натпреварот кој заврши 2:1 за Реал Мадрид.

Жерард имаше и една интересна конверзација со Лука Модриќ кој го „поздрави“ дефанзивецот.

– Го чекаш судијата за да почнеш да се жалиш…., му порача Модриќ на Пике, кој му возврати дека четирите минути продолжение биле недоволни за едно такво хаотично второ полувреме.