Околу 80 лица се повредени во голем пожар што избувнал денеска близу базиликата Саграда Фамилија, позната римокатоличка црква во централниот дел на Барселона, соопшти градската Служба за итни случаи на „Твитер“.
Вкупно 14 лица се хоспитализирани, од кои девет од нив се здобиле со полесни повреди, четири лица се здобиле со потешки повреди и едно лице е во критична состојба. Дванаесет други биле лекувани на местото на настанот од страна на медицински екипи.
Пожарот, избувнал во станбена зграда близу базиликата, а потоа се проширил на соседните улици. Дванаесет противпожарни единици излегле на терен, а многу улици во центарот на градот се блокирани.