Ѓоковиќ: Не сакам да се споредувам со Федерер и Надал

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на денешницата, а потврда за тоа се неговите резултати во изминатите неколку сезони. Никој не е блиску до него на АТП листата, ниту пак според бројката на освоени турнири.

Србинот често е мета на критики на јавноста, поради своите ставови. Никогаш не крие што мисли и тоа го кажува, без разлика дали е во согласност со општествените прописи или не. Во последното јавно обраќање првиот светски рекет зборуваше за својата кариера и споредбите со големите ривали.

„Можам да се споредувам со она што бев пред 15 години. Ние често се губиме во овие споредби. Мислам дека престанав да се споредувам со другите пред пет години. Не сакам да се споредувам со Федерер и Надал или со мене од пред 15 години, нема смисла да се прави тоа“, истакна Ѓоковиќ.

По освојувањето на Австралија опен, Ѓоковиќ направи голема пауза. На терените ќе се појави во Монте Карло каде ќе ја започне подготовката за Ролан Гарос.