На 61% обработени гласови во Бугарија во водство е ГЕРБ, ВМРО на Каракачанов засега не влегува во парламентот

Најнови податоци објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија на Бугарија во 10.30 часот. Од обработени 61,08% од гласачките ливчиња, ГЕРБ води со 25,32%, потоа следуваат  „Таков народ има“ – 18,49%, а БСП има 14 , 90%.

„Демократска Бугарија“ е на четвртото место со 10,38%, следена од МРФ – 9,06% и „Стани! Излези!“ – 4,96%.

ВМРО  на Каракачанов досега останува под прагот пд 4% со 3,55%, прилично внимателно следена од БНО – 3,10% и „Вазраждане” – 2,73% и патриотската коалиција „Вил – НФСБ” -2,46%, објави БНТ.