Три малолетни девојчиња со повреди се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако патничко возило утрово удрило во нив на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир.

Едно од повредените девојчиња е пренесено на Карил, другите две се на Детска хирургија. Кај едното се констатирани скршеници, а другото малолетно девојче е моментално на опсервација. Сите повредени се на возраст од 12 и 13години.

Возилото било такси, а возачот е приведен во полициска станица.