Алармантна состојбата со Koвид-19 во Франција, оделенијата за интезивна нега се полни

Франција трет пат целосно се затвора од почетокот на пандемијата поради зголемениот број случаи на коронавирус, кој се заканува да ги поплави болниците, објави Би-Би-Си.

Сите училишта и продавници ќе бидат затворени четири недели, а полицискиот час ќе важи од 19 до 6 часот наутро секој ден. Во петокот бројот на сериозно болни пациенти на одделенијата за интензивна нега достигна најголем скок во изминатите пет месеци

Претседателот Емануел Макрон вети повеќе болнички кревети за пациентите.

Најголемата борба во Франција е во одделите за интензивна нега, каде што се лекуваат околу 5.000 пациенти.

Иако ограничувачките мерки стапија на сила во саботата, од вторник на граѓаните ќе им треба потврда доколку планираат да патуваат на повеќе од 10 километри од нивниот дом.