Што се случува со вашиот организам кога ќе престанете да пиете газирани сокови

Пиењето газирани сокови лесно може да стане навика и се смета за релативно безопасен порок. Исто така, штом престанете да пиете газирани сокови, многу е лесно да започнете да ги пиете повторно.

Доволно е да пиете газирани сокови само три дена за повторно да ви станат навика. „Eat this“ прашале двајца експерти што се случува во организмот кога трајно се откажувате од газирани пијалоци. Тие велат, штом ги отфрлите, ќе се чувствувате многу подобро.

Желбата за шеќер ќе се намали

Дури и диетални газирани пијалоци се поврзани со зголемување на телесната тежина. „Вештачките засладувачи влијаат на нашето чувство на ситост“, вели Изабел Смит, регистрирана диететичарка.

Нашите тела еволуираа да очекуваат големи количини калории кога внесуваме нешто исклучително слатко, а овие вештачки засладувачи се 400 до 8000 пати послатки од обичниот шеќер. Ова предизвикува неколку работи: Мускулите во стомакот се релаксираат за да можете да внесете храна, а хормоните се ослободуваат. Телото може да бара повеќе калории по ваквите пијалоци и некои луѓе може да внесуваат повеќе храна поради тоа.

Бидејќи пијалоците со вештачки засладувачи се поврзани со зголемена желба за шеќер, кога ќе се откажете од нив, може да забележите дека повеќе не копнеете толку многу за шеќер.

Намалување на ризикот од развој на инсулинска резистенција

„Иако диеталните пијалоци се без калории, тие предизвикуваат ослободување на инсулин во цревата затоа што нивните вештачки засладувачи се слатки како шеќерот, а тоа всушност спречува губење на тежината“, вели Миријам Џејкобсон, диететичар.

Студија објавена во „Журнал за семејна медицина и примарна здравствена заштита“ во 2020 година откри дека дијабетичарите кои консумираат вештачки засладувачи имаат поголема отпорност на инсулин од оние кои не ги консумираат тие засладувачи, а посебна студија ја поврза потрошувачката на вештачки засладувачи со зголемениот ризик од дијабетес тип 2, иако е потребно подетално истражување за да се утврди дали има причина и последица или станува збор само за корелација.

Ќе изгубите тежина

Инсулинот е примарен хормон за складирање на маснотии во вашето тело, и поради тоа телото ќе задржи дополнителни маснотии “, објаснува Џејкобсон, додавајќи:„Заменувањето на редовните газирани пијалаци со диеталните, во обид да изгубите тежина може да направи повеќе штета отколку добро заради сите хемикалиите во тој пијалок“.

Истражувачите ја проучувале врската помеѓу дебелината и потрошувачката на вештачки засладувачи и откриле многу врски. Сепак, како и сите истражувања за набљудување, ова не докажува дека вештачките засладувачи се нужна причина за дебелината – само што тие се во корелација.

Подобро варење

Киселоста на газираните пијалоци е лоша за дигестивниот систем. Корозира емајл на забите и го влошува рефлуксот на киселина, но диеталните газирани пијалоци се особено лоши за вашите црева.

„Истражувачите откриваат дека вештачките засладувачи можат да влијаат на нашите здрави цревни бактерии, што може да влијае на сè, од контрола на шеќерот во крвта до управување со телесната тежина, до болести – како работи нашиот имунолошки систем и како нашето тело реагира на инфекција“, вели Смит.

Ќе имате повеќе енергија

Кофеинот во газираните пијалоци не ви е пријател. „Пиењето премногу кофеин може да доведе до дехидрираност, а исто така може премногу да го стимулира нервниот систем, што ќе ве направи уморни и истоштени“, вели Смит.

„Откривам дека кога луѓето го намалуваат кофеинот, тие имаат повеќе енергија затоа што кофеинот предизвикува екстремни скокови и опаѓање на енергијата“, додава таа. Во нејзината канцеларија, Смит виде што се случува кога ќе престанете да пиете газирани пијалоци, а тоа може да доведе до позитивен домина ефект.

„Има многу повеќе енергија за нашите тела во вистинската храна отколку во преработената храна“, вели таа, додавајќи: „Кога луѓето ги намалуваат преработените производи, тие често бараат повеќе свежа храна и прават подобар избор. Со откажување од газирани пијалоци, може да изгледа како да правите една промена, но таа всушност може да промени на подобро неколку аспекти од вашата исхрана “.