11 совети и трикови за подобро здравје

Модерниот начин на живот каде секојдневно сме во трка со времето, не принудува да заборавиме на најважното – нашето здравје. Неправилната исхрана и недоволната физичка активност претставуваат само еден мал дел од многуте фактори кои допринесуваат за нарушување на здравјето.

Со посветување на само малку време во текот на денот и примена на овие 11 совети и трикови допринесувате во одржувањето на вашето здравје во текот на целата година.

  1. Не прескокнувајте го појадокот!

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, иако често пати го прескокнуваме од разни причини. Недостатокот на време е најчестиот фактор заради кој појадокот е изоставен, но со прескокнување на овој оброк се иницираат низа реакции во нашето тело кој штетно влијаат на целокупното здравје.

Појадокот претставува првиот оброк во денот по неколку часовното ноќно спиење, односно оброк кој ќе ви ја врати енергијата изгубена при спиењето и ќе ви овозможи започнување на денот со полна пареа.

Научно е докажано дека доколку денот го започнете со појадок, во текот на денот ќе бидете помалку гладни. Исто така секојдневното појадување го активира метаболизамот во раните утрински часови, навика кој допринесува за полесно одржување на телесната тежина.

Најчесто се прашуваме која е вистинската храна за појадок? Сите истражувања покажуваат дека во појадокот треба да биде вклучена храна богата со протеини која го одржува фокусот и енергијата во текот на денот.

Јајцата, путерот и јогуртот се најчестите протеински продукти на нашата трпеза за време на појадокот. Доколку сакате малку полесен појадок житарките со млеко се соодветен појадок кој ќе ви ја даде потребната енергија за денот.

  1. Почесто конзумирајте производи богати со растителни влакна

За да се постигне добро избалансиран оброк растителните влакна е неопходно да бидат вклучени во исхраната. Како бенефит од конзумирањето на производи богати со растителни влакна добиваме подобрена дигестијата како и превенција од срцев удар и дијабетес.

Препорачаниот дневен внес на растителни влака е само 30 грама, но иако изгледа како мала количина, честопати не ја внесуваме во текот на денот.

Листата на призводи кои се богати со растителни влакна е долга. Лебот, житарките, овошјето и зеленчукот, јаткастите плодови кои се дел од секојдневната исхрана се производи кои се богати со растителни влакна.

Покрај тоа што овие производи превенираат од несакани заболувања исто така со нивна конзумација подолго време се задржува чувството на ситост – одлична помош за одржување на тежината.

  1. Секојдневно јадете овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се едни од најважните продукти кои треба да бидат вклучени во нашата секојдневна исхрана. Тие содржат многубројни витамини, минерали и антиоксиданти кои допринесуваат за одржување на нашето здравје.

Секојдневниот внес на овошје и зеленчук превенираат многубројни хрoнични заболувања. Со внес на само едно јаболко на ден се спречува појавата на холестерол, се зајакнува срцето и се намалува ризикот од респираторни заболувања како што е астмата.

Докторите препорачуваат внес од 5 до 10 порции на свежо овошје и свеж зеленчук во текот на денот, обемна количина која дневно треба да биде внесена во организмот.

Трик кој ќе ви помогне за полесно внесување на оваа количина на овошје и зеленчук е да ги поставите овие продукти на видливо и достапно место во домот каде при секое поминување можете да си каснете.

  1. Избегнете ги газираните пијалоци

Газираните пијалоци се полни со шеќери и не содржат ниту една хранлива состојка која му е потребна на организамот. Овие пијалоци се главните виновници за прекумерна тежина како и допринесувачки фактор за дијабетес тип 2.

Денталниот кариес и ерозија на забите се само едни од многубројните заболувања кои се предизвикани од преголемиот внес на газирани пијалоци.

Постојат многу алтернативи кои можат да бидат замена за овие газирани пијалоци. Свежо цедените сокови, млекото, чајот како и обичната вода претставуваат многу подобра замена со која допринесувате за подобрување на своето здравје.

  1. Пијте минимум 2 литри вода на ден

Две третини од човековото тело го сочинува водата, односно 60% од целокупната телесна тежина на човековото тело е всушност вода. Овој процент секојдневно треба да биде одржуван за да биде овозможено нормално функционирање на секоја клетка во организмот.

Недостатокот на вода доведува до дехидрирање, состојба која резултира со недоволна енергија и измореност на целиот организам. Со пиење на само 2 литри вода во текот на денот, потребите за дневен внес на вода се задоволени и вашето тело е заштитено од дехидратација и истоштеност.

Во текот на летото и при зголемена физичка активност проследени со поголемо потење, внесот на вода е поголем. Сепак, со пиење 8 чаши вода на ден минималниот внес на вода е задоволен и нашето тело и здравје се зачувани.

  1. Една чаша вино на ден го заштитува вашето срце

Многу контрадикторни мислења се врзани околу тоа дали пиењето вино е бенефит или пак ризик за срцевите заболувања.

Црвеното вино во себе содржи антиоксиданти кои помагаат во превенција на срцевите заболувања со намалување на холестеролот и намалување на формирањето на крвни згрутчувања.

Најновите истражувања покажуваат дека со пиење на само една чаша вино дневно се подобрува циркулацијата во целокупниот организам.

Сепак не заборавајте дека виното во себе содржи висок процент на шеќери и алкохол кои се штетни за вашето здравје, па затоа се препорачува умерено пиење и тоа само една чаша вино дневно.

  1. Редуцирајте го внесувањето на кофеин

Кофеинот претставува стимуланс на централниот нервен систем. Кога се конзумира во оптимална количина – од 200 до 300 мг кофеин, или 3 до 4 шолји кафе, кофеинот ни дава чувство на будност и енергија.

Доколку сте голем љубител на кафето и ја преминувате оваа умерена доза на кофеин можете да се соочите со несакани ефекти како:

Тахикардија – забрзано срцебиење

Несоница

Нервоза

Треперење (тремор) на мускулите

Главоболка.

За да ги избегнете овие несакани ефекти како трик кој можете да го примените е заменувањето на шолја кафе со друг тип на пијалок, безкофеинското кафе или пак чај.

  1. Избегнувајте производи богати со вештачки бои и засладувачи

Дијабетесот и срцевите заболувања се само дел од заболувањата кои се поврзуваат со зголемениот внес на шеќер. Вештачките бои и засладувачи се синтетичка замена на шеќерот, производи кои се многу послатки од обичниот шеќер притоа создавајќи зголемена потреба за внес на шеќер.

Аспартам е состојката која се користи како замена за шеќерот во вештачките засладувачи. Оваа состојка е токсична и се поврзува со разновидни болести како тумори, Алцхајмеровата болест, хроничен замор и низа други болести.

Иако вештачките засладувачи се препорачуваат на луѓе кои боледуваат од шеќерна болест, истражувањата докажуваат дека овој тип на засладувачи предизвикуваат покачено ниво на шеќер во крвта споредбено со обичниот бел шеќер.

Вештачките бои исто како и засладувачите не содржат ниту една природна и хранлива состојка во себе, покрај покачено ниво на шеќер во крвта предизвикуваат и нарушување на природната бактериска флора во дигестивниот систем.

Намалувањето на дневниот внес на шеќер е од круцијално значење за нашето здравје. Иако сите продукти со прекумерна количина на вештачки бои и засладувачи изгледаат многу примамливо, потрудете се да ги одбегнете во секојдневната исхрана се со цел да си го заштитите сопственото здравје.

  1. Не јадете пред да одите на спиење

Метаболизамот при спиењето е намален со што се оневозможува соодветна дигестија на внесената храна пред самото спиење. Јадењето пред спиење предизвикува наталожување на непотребни калории кои допринесуваат за зголемување на тежината.

Иако постојат многу спротивставени мислења околу тоа дека со “полн стомак” полесно се заспива, сепак поголемиот дел од докторите не го препорачуваат јадењето пред спиење се со цел да се избегне многу поголемиот проблем – обезност.

Трик кој можете да го искористите за да го измамите вашиот стомак кој е навикнат на обилен оброк пред спиење е да го заситите со “мезе” односно неколку залаци храна кои не се многу калорични.

  1. Бидете физички активни

Со само 30 минутна дневна физичка активност влијаете на продолжување на својот животен век до 7 години, повеќе од оние кои не се физички активни.Овие 30 минути верувам дека сите можете да ги одвоите од своето време кога станува збор за подобрување на квалитетот на живот.

Луѓето кои секојдневно практикуват физичка активност имаат 30% помал ризик од срцев или мозочен удар. Како бенефити од физичката активност се издвојуваат:

Подобрена циркулација

Намалување на крвниот притисок

Одржување на телесната тежина

Подобрување на нивото на холестерол

Зголемување на енергијата и низа други бенефити.

За време на викендите можете да го вклучите целото семејство каде сите заедно ќе можете да уживате во физичката активност.

  1. Научете како да се релаксирате

Со современиот начин на живот секојдневно се соочуваме со стрес кој произлегува од најразлични фактори. Доколку издвоиме техника или начин на кој ќе се ослободиме од овој секојдневен стрес нашиот квалитетен живот е загарантиран.

Најприменуваниот начин за релаксација кој е практикуван од најголем број луѓе претставува јогата. Со само 5 минутна дневна медитација сиот насобран стрес во текот на денот се елиминира.Овој начин на релаксирање можете да го применувате и на работното место без никаков проблем. Одвојте 5 минути од вашето работно време на себе и вашето здравје и ослободете се од стресот.

Заклучок

Не секогаш ги практикуваме овие совети и трикови кои го одржуваат нашето здравје. Доколку до сега не сте ги практикувале сега е вистинското време да започнете со нивна секојдневна примена.

Примената на мала дневна физичка активност, придружена со здрава исхрана богата со витамини и минерали, се факторите кои го претставуваат клучот за добро здравје и долготраен живот.