Мито Хаџивасилев Јасмин претставува државна награда, со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди. Се доделува на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев Јасмин. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за првпат е доделена во 1969 година.
Државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството годинава нема да се додели, бидејќи ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број на гласови.
Годинава беше златен јубилеј на наградата која се доделува од 1969 година, за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Според Министерството за култура, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди на седницата одржана на 26.11.2019 година донесел одлука државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин” да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.
„Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Одлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година.Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија”, стои во соопштението.
Досегашни добитници на оваа награда се:
- 2007 – публицистика – Иван Глигоровски и новинарство Стојан Тренчевски;
- 2008 – публицистика – Томе Неновски (публицист) и на Кадрие Зејнулаху (филолог и новинар во Македонско Радио) и новинарство Горан Момировски, новинар на А1;
- 2009 – публицистика – Махи Несими за делото „Обесчестена волја“ – парламентарни избори 2008 година, новинарство не е доделено;
- 2010 – публицистика – Виктор Габер, амбасадор за книгата „Името Македонија – историја, право, политика“ и новинарство на Слободанка Јовановска, новинарка на „Утрински весник“ за деценистата работа;
- 2011 – во областа на публицистиката – Тина Иванова Бејков, публицист. Во остварување во областа на новинарството – Драган Антоновски и Предраг Димитровcки, новинари;
- 2012 – публицистика- Свето Стаменов и Блерим Исени, новинарство – Зоран Трајчевски и Мира Костиќ
- 2013 – публицистика – Волф Ошлис , новиварство – Паца Лазарова
- 2014 – публицистика – Борче Грозданов, новинарство- Мирела Саити и Фиданка Танаскова.
- 2015 – публицистика – Игор Анѓелков и Мишо Нетков
- 2016 – публицистика – Аљуш Камбери , новинарство- Тони Димков