Руска обложувалница го признала голот на Роналдо против Србија

Натпреварот меѓу Србија и Португалија од квалификациите за Светското првенство имаше контроверзен крај затоа што на Роналдо не му беше признат чист гол.

Од тогаш неколку дена во јавноста се зборува за тој момент на дуелот во Белград. Најинтересната тема поврзана со оваа случка е што една обложувалница од Москва одлучила да им ја признае добивката на сите оние кои типувале триумф на Португалија.

Воедно добитни се и оние кои ги играле Роналдо како стрелец. Обложувалницата не објавила колку тикети се добитни, ама дефинитивно ќе има доста луѓе кои ќе бидат среќни поради оваа одлука.