Премиерот Зоран Заев при денешнат посета на „Брако“ во Велес рече дека инвестициите оваа година на оваа компанија се во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини за производство на еколошките возила под брендот на „Грин Машинс“.
– Брако се справува со кризата со тоа што постојано инвестира. Македонската влада е тука да ги поддржи кломпаниите да бидат иновативни и да произведуваат производи со поголема додадена вредност, рече Заев.
Според првиот човек на компанијата Кочо Анѓушев, треба само да се произвдуваат производи кои се извозно ориентирани со додадена вредност, а за вели дека е потребно да се следат најновите технологии .
-Едниот тип е првото во светот водородно возило на хидрогенски погон за чистење на улици и произведено е во нашите хали и дело на 60-тината инжињери на Брако, чија просечна старост е под 30 години, а тројца се вратија во Македонија од светските универизтети. Две се веќе продадени во Амстердам и Утрехт и веќе ја обавуваат својата функција. Вториот тип на возило е комплетно развиено во оваа фабрика, како дизајнот, така и повеќето делови како компненти се произведени во овие хали. Нашите возила го чистат Вашингтон, Лондон, пред две недели продадовме возило на кралскиот дворец. Не знаевме, но видовте дека наше возило ја чисти Белата куќа пред номинацијата на новиот американски претседател Џо Бајден. Така се погоди, не го знаевме тоа, но го видовме во американските весници, рече Анѓушев.
Тој рече дека возила за чистење на улици на „Брако“ се продадени уште и во Белгија и Тајланд, а најдалечните градови каде што се користат се Сиднеј и Буенос Ајрес. Едно возило има купено и Општина Велес.



